ЗА ЦЕНТАРОТ ЗА ИНЖЕНЕРСКА МАТЕМАТИКА ПРИ ФАКУЛТЕТОТ ЗА ЕЛЕКТРОТЕХНИКА И ИНФОРМАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ - СКОПЈЕ

Центарот за инженерска математика (ЦИМ) е формиран со одлука на ННС бр. 02-1645/14 од 10.07.2002 г. За раководител на ЦИМ е избран проф. Д-р Боро Пиперевски.
Главна цел на Центарот е да овозможи едукација на корисници на математички знаења од областа на теориските математички основи во области на електроинженерството, техниката, стопанството и другите области од практиката, преку организирање курсеви, семинари и други активности за стручно оспособување и дооформување на образованието и консалтингот од повеќе области на математиката важни за поквалитетни сознанија во инженерството за поставување и разрешување на математичките модели за сите проблеми од инженерството.


На 11.06.2003 година се одржа промоција на ЦИМ.

Во досегашниот период ЦИМ има реализирано повеќе активности според програми зацртани во своите годишни планови.
Во организација на ЦИМ се одржани 7 и 8 Македонски симпозиум по диференцијални равенки, три семинари по диференцијални равенки и 6 популарни предавања. Од издавачката дејност се публикувани два Зборника на трудови од 7 и 8 Македонски симпозиум по диференцијални равенки и книшката Избрани теми - за конечното и бесконечното, карданови формули, диференцни равенки, волумен и плоштина на н-димензионална топка, фрактали. Во текот на две години континуирано е одржан семинар по парцијални диференцијални равенки и семинар по дистрибуции.

На 27.09.2007 година се одржа промоција на книшката Избрани теми.

За целиот период од досегашното делување ЦИМ функционира според Правилникот за формирање и работа на Центрите при Факултетот за електротехника и информатички технологии - Скопје.
ALBERT EINSTEIN

Се додека законите на математиката се однесуваат на реалноста, тие не се сигурни. Се додека се сигурни, тие не се однесуваат на реалноста

HENRI LEBESQUE

Математичарите секогаш во целост се согласувале само кога се работело за нешто што претставувало очигледна, апсолутна или дефинитивно неспорна вистина.
за цим   популарни предавања   семинари   симпозиуми
печатени изданија   други активности  
Copyrighted by FEIT,
All rights reserved, 2008